Ромелу Лукаку официјално е нов фудбалер на Манчестер Јунајтед. Белгиецот успешно ги мина лекарските прегледи во САД каде ќе и се приклучи на екипата во подготовките за новата сезона.

Евертон за трансферот на Лукаку ќе инкасира 75 милиони фунти, а Јунајтед доведе соодветна замена за Златан Ибрахимовиќ.

– Кога официјално ме исконтактираа не се мислев два пати, веднаш ја прифатив понудата. Кој би рекол не, на своите соништа. Манчестер Јунајтед е најголем клуб во светот, имаат најубав стадион и верни фанови. Тоа мене ми дава совршена можност да обезбедам место во историјата на клубот. – рече Лукаку и додаде околу шансата да се носи дресот на „ѓаволите“. – Отсекогаш сум велел дека сакам да играм за тим кој ќе се бори за секој трофеј. Манчестер Јунајтед во овој момент е таков клуб и сакам што побрзо да го облечам дресот и да се натпреварувам.

Лукаку се уште нема одберено број кој ќе го носи на Олд Трафорд иако сите навиваат за бројот 9 кој беше на грбот од Златан Ибрахимовиќ.

OhridNews