Бразилскиот фудбалер Лукас Мура беше таличен за Тотенхем во полуфиналната пресметка со Ајакс во Лигата на Шампионите. 26-годишниот Бразилец ги постигна трите голови во победата 3-2 во Амстердам со која Тотенхем избори пласман во големото финале. Првиот погодок Мура го реализираше во 55-та, вториот во 59-та минута, а третиот го постигна во последните секунди од судиското продолжение.
- Не е можно да објаснам што точно се случи. Многу сум среќен и горд на соиграчите. Секогаш верувавме во овој момент и верувавме дека може да се случи. Ние сме една голема фамилија, секогаш сме заедно, делиме се и сешто меѓу нас. Третиот погодок е подарок од Господ и затоа сакам да го споделам со сите и да се радуваат сите како што се радувавме. Дадовме се од себе на теренот и мислам дека го заслуживме пласманот во финалето. – изјави Мура.
Емоцинално обраќање до јавноста имаше предводникот на Тотенхем, Маурицио Почетино. Аргентинскиот стратег заплака кон крајот на интервјуто веднаш после натпреварот.
- Фудбалу, фала ти многу! Фала и вас момци! Имам неверојатен тим од играчи, кои, од денеска се херои. Вакви емоции неможеш да осетиш на ниту едно место, само во фудбалот. Големо благодарам до навивачите и сите луѓе кои веруваа во нас. – истакна Почетино.
Oh my. Mauricio Pochettino crying in his post-match interview has just done me. What a chap. ?? pic.twitter.com/nphGL4Mf6Y
— Betting Tips at OLBG.com (@OLBG) May 8, 2019
Во финалето Тотенхем ќе ги одмери силите со Ливерпул. „Петлите“ во дебитанското финале ќе го бркаат првиот трофеј, додека „црвените“ шестиот во клупската историја.
OhridNews
Видео: Тотенхем се врати од мртвите и закажа англиско финале со Ливерпул во ЛШ!