Рускиот нафтен гигант „Лукоил“, по долги години најава, конечно ќе отвори бензинска пумпа во Охрид.

Во тек е уредување на просторот и инсталација на потребните системи, а  свеченото отварање, како што дознава OhridNews ќе се случи на националниот празник Илинден, на 2-ри август.

Бензинската пумпа на „Лукоил“ ќе биде лоцирана во близина на автобуската станица на патот за Битола.

OhridNews