Во врска техничкиот  проблем, настанат на бензинската станица “Охрид 1” на 30 август ,  “ЛУКОИЛ  Македонија  ДООЕЛ Скопје” информира  дека станува  збор за  изолиран случај  од техничка  природа, којшто  веднаш  е отстранет  и бензинската станица работи со вообичаен режим.  

Проблемот  што  се  појави,  настана  како  резултат  на  пропаѓање  на земјата  од зазеленетата површина  на бензинската станица,  што доведе до напукнување на технолошка цевка од резервоарот до автоматот за точење гориво што доведе до вшмукување на подземни  води. Брендираното гориво ”ЕКТО на ЛУКОИЛ”  не дозволува  смешување  на водата со горивото и веднаш  ги дели овие две фракции.  Ова овозможи веднаш  да биде утврден и отстранет техничкиот проблем на бензинската станица. Компанијата веднаш ги презеде сите неопходни активности за сервисирање и отстранување  на настанатите проблеми на сите единаесет корисници – патнички  возила, кои во моментот  на  појавување  на  дефектот  биле опслужени  на бензинската станица на “ЛУКОИЛ Македонија” во Охрид, информираат од Лукоил Македонија.

Оттаму потенцираат дека на оваа бензинска  станица, како  и на сите останати бензински станици од мрежата на „ЛУКОИЛ“  продолжува испораката на горива со врвен квалитет,  кои  целосно  се во согласност  со Правилникот  за квалитет  на течните горива, националните и меѓународните стандарди за квалитет на течните горива.

OhridNews