Според податоците на Државниот завод за статистика, најголем пораст на најчестите цени на земјоделските производи на зелените пазари во октомври 2010, во споредба со истиот месец од 2009 година, се забележува кај црвените домати и лукот. Најголемо намалување на цените се забележува кај оризот, модрите патлиџани, зелката и дињите.

Најголемо зголемување на најчестите цени на земјоделските производи на пазарите на големо во октомври 2010, во споредба со истиот месец од 2009 година, се забележува кај црвените домати, бабурите, крушите и повторно лукот. Килограм лук на големо во октомври оваа година се продавал за 205,5 денари, а минатата година во истиот период чинел 104,7 денари за килограм. Најголемо намалување се забележува кај модрите патлиџани, зелката, морковот, лубениците и јаболката.

OhridNews