Зa oние кои имаат милиони на банкарските сметки, се препорачува ранчот „Каза де Шенандоах“, што се наоѓа близу Лас Вегас, Невада, САД.

Имотот што некогаш му припаѓал на американскиот пејач и глумец Вејн Њутн, денес чини 25 милиони долари. Притоа, главната вила, меѓу другото, има три спални соби и седум бањи, а дел од имотот се и седум дополнителни објекти за престој. Дел од имотот е дури и мини аеродром и терминал кој овозможува пристап со авион до самата вила.

Во вилата, скалите се направени во бело и позлатени, подот е од мермер – естетика карактеристична за Вегас.

На имотот има и парк за автомобили што може да собере до 100 возила, но и штала за коњи и градина што порано била дом на егзотични животни. Новиот сопственик ќе си има и соба за рекреативни игри и тениско игралиште во рамките на имотот.

Пред вилата има и базен, како и тревници и шеталите покрај блиското езеро.

OhridNews