Луксузен стан направен во реновирана викторијанска бања од 19. век, е понуден на продажба за еден милион фунти (околу 1,11 милиони евра).
Станот се наоѓа во зграда во гратчето Пенарт во Велс и е навистина оригинално и уникатно место за живеење. Објектот првично служел како јавна бања, во која два базена се полнеле со морска вода. Бањата била затворена во 1980-те, кога просторот бил претворен во ресторан, а потоа во 2005 година била поделена во четири одделни простории. Една од нив денес е станов што се нуди на продажба.


Главната дневна соба сѐ уште ги има оригиналните прозорци и малку повеќе обложени sидови од тули, како и камин и скали што водат до вториот кат. На истиот простор се наоѓа и добро опремена кујна со кафемат и други современи, софистицирани апарати.

Во близина на станот има карпи и шеталиште покрај морскиот брег. Цената на станот е еден милион фунти.
OhridNews













