Поранешниот капите на Охрид, Љупчо Далчев е најновото засилување за лидерот во Третата лига југо-западен регион, Кораб.

Далчев на првиот меч во новиот клуб постигна два погодоци во победата 5-2 над Октиси и уште на стартот се покажа како вистинско засилување за тимот предводен од Гони Мерко.

Екипата на Кораб од Дебар првата полусезона во Третата лига ја помина прва низ целта со сериозни амбиции за влез еден ранг погоре, односно во Втората лига запад.

OhridNews