Сојузот за иднината во рамки на законски предвидениот рок, вчера,  поднесе кандидатури за градоначалници за престојните локални избори.

И формално Сојузот за иднината предводен од СДСМ ја потврди кандидатурата за нов мандат на актуелниот градоначалник  на Охрид , Александар Петрески. Можност за нов мандат во општина Дебрца доби и актуелниот градоначалник Љупчо Којчиноски.

Во Вевчани СДСМ градоначалничката трка ќе ја трча со Сашо Јанковски, додека, како што е познато, во Струга Сојузот за Македонија ќе го поддржи кандидатот на коалицијата За подобра Македонија предводена од ВМРО ДПМНЕ, д-р Владо Кочоски.

OhridNews