На собранието на општинската организација на Либералната Партија – Охрид, што се одржа во понеделникот, Љупчо Нечкоски едногласно е избран за претседател на охридскиот огранок на партијата.
Собранието ги избра и членовите на општинскиот одбор и надзорниот одбор.
На собранието учествуваше и се обрати претседателот на Либералната партија на Македонија и актуелен пратеник во собранието на Р.М. Ивон Величковски. Беа зацртани правците на делување на општинската организација на Либералната партија – Охрид во рамки на опозицискиот блок, во пресрет на претстојните локални избори, соопштуваат од партијата.