За две недели невреме два пати го погоди Охрид. Силниот јужен ветер викендов повторно го разбранува преполното Охридското Езеро. Најголем интензитет невремето имаше синоќа во периодот од 22 до 03 часот часот. Поради големите бранови под вода беа кејот и делови од улицата „Коста Абраш“, а нови штети претрпеа угостителските објекти кои имаат тераси на платформи во езерото. Некои од нив само што ги завршиле поправките од невремето што се случи на 17-ти март.
Поради големите штети и високиот водостој на Езерото, терасите во центарот на Охрид се вон употреба, но угостителските објекти работат нормално. Угостителите велат дека нема да стигнат да извршат поправка на оштетените тераси за претстојните велигденски празници. Дел од вината за тоа што се случи гледаат и кај себе.
Љупчо Патчев: Ова е втора опомена за угостителите
OhridNews











