Вчера до полноќ, Комисијата за верифицирање на факти требаше да ги прифати кандидатските листи за градоначалници и советници на претстојните локални избори, за да може да утврди дали некои од нив имаат соработувано со тајните служби.

Според Законот за лустрација, доколку комисија утврди дека некој од кандидатите соработувал со службите, подносителот на листата ќе треба да предложи нов кандидат.

Како што соопштуваат од Комисијата за лустрација, ќе бидат проверувани само оние кои до сега не фигурирале како кандидати за јавна функција. Досиеата на сите кандидати ќе ги проверуваат Управата за безбедност и контраразузнавање, Државниот архив, Службата за разузнавање, како и Агенцијата за разузнавање, кои  евиденцијата ќе ја достават до „лустраторска“. По испраќањето на документацијата, комисијата во рок од 24 часа ќе утрврди дали некои од нив соработувале со тајните служби.

Инаку, Комисијата за лустрација треба да ја изврши проверката најдоцна до 22-ри овој месец.

OhridNews