Комисијата за верифицирање на факти, ги прифати кандидатските листи за градоначалници и советници на претстојните локални избори, утврдувајќи дека меѓу нив немало соробатници со тајните служби.

Меѓу кандидатите, 12 биле евидентирани во Државниот архив, но како што соопштуваат од „лустрациска“ станувало збор за лица чии податоци се совпаѓале со кандидатите.
Со оваа постапка за прегледување на политичкото минато на кандидатите, завршува процесот на лустрација. Сепак, во идниот период доколку некои од овие лица се најде во досиеата, ќе биде ставено на дневен ред на Комисијата.
OhridNews












