Тројца од кандидатите за носители на јавна функција како советници и градоначалници кои се наведоа како можни соработници на тајните служби, вчера Комисијата за верификација на факти утврди дека нивните досиеа се чисти.

Во документацијата на Државниот архив каде се споменати имињата на тројцата кандидати, било констатирано дека двајца од нив биле следени од тајните служби под сомнение за албански сепаратаизам, додека податоците за третиот кандидат се совпаѓале со друго лице.

Како што информираат од „лустрациска“, тројцата кандидати се наоѓаат на листи на различни политички партии.

Инаку, лустраторите пред два дена ги доставија списоците со кандидати за градоначалници и советнци до државниот архив и безбедносните органи, каде четирите институции го чешлаат кодошкото минато на вкупно 6339 кандидати.

OhridNews