Поранешен функционер на УДБА од Охрид е прогласен за наредбодавач, а поранешен општински советник за соработник на тајните служби. Комисијата за верификација на факти утврди дека уште еден службеник на поранешната управа за безбедност бил наредбодавач, но се уште немаат информација дали тој е жив, па затоа решението за него ќе го донесе по комплетирање на податоците, јавува Тв „Телма“.
Членот на Комисијата Чедомир Дамјановски, вели дека и по летниот одмор Комисијата продолжува со незаконското прогласување на наредбодавачи за соработници, за што реагирале и пратениците од власта.
– И Благородна Дулиќ, претседател на собраниската Комисија, кажа дек законот е донесен аматерски и дека прогласувањето на наредбодавачи е во духот на законот, е сега како ние, кога ќе донесеме решение, да кажеме дека е во духот на законот, вели Дамјановски.
Претседателот на Комисијата за лустрација пак, вели дека за наредбодавачи било утврдено дека тоа го правеле од иделошко политиочки цели.
-Тие ги прекшиле човековите права затоа се прогласени, а така стои во законот – доколку се прекршени човекови права, рече Томе Аџиев, претседател на Комисијата.
Дамјановски возвраќа дека е симптоматично што и другите институции молчат за незаконското работење на комисјата.
– Уставниот суд една година молчи, во Управниот суд цела година има жалби од луѓето кои сме ги лустрирале и не реагира, владата нема прецизен одговор, а Собранието констатира дека има аномалии.
Дамјановски бара итна ракција на сите надлежни бидејќи лустрацијата ја изгуби својата примарна цел.
OhridNews
извор:„Телма“