Поранешен претседател на градското собрание на Струга бил соработник на тајните служби, утврди Комисијата за верификација на фактите, пренесува „Макфакс“.
Според информации од Комисијата, поранешниот функционер бил дипломиран електроинженер и потекнувал од струшкото село Октиси.
Според документацијата која стигнала до Комисијата, тој соработувал со службите од 1977 до 1987 година.
Лустраторите разгледуваа уште еден предмет, но го одложија за наредната седница. Спорно било дали функцијата која ја извршувало лицето кое е вработено во министерството за економија, подрачна единица Битола, спаѓа во редот на јавни овластувања.
Името на поранешниот претседател на градското собрание се очекува да биде објавено во рок од три дена на страницата на Комисијата за верификација на фактите.