Комисијата за лустрација на денес одржаната седница објави уште едно име на лустриран поранешен министер за внатрешни работи.

Станува збор за полициски функционер кој во осумдесетите ја извршувал должноста републички секретар за внатрешни работи, а кој потоа бил сменет од функцијата. Неговиот наследник, Јован Трпеновски исто така беше лустриран.  

Досега се лустрирани уште тројца поранешни министри за внатрешни работи, од кои Чокревски и Фрчковски за периодот по социјализмот.

OhridNews