Фудбалерот на Барселона, Џерард Пике, кој отворено ја поддржува независноста на Каталонија, со свирежи е пречекан на тренингот на шпанската репрезентација во Мадрид.
Шпанските репрезентативци се подготвуваат за последите две квалификациски средби против Албанија и Израел, а главна мета на фавовите е дефанзивецот на Барселона, Џерард Пике, кој гласаше на референдумот за независноста на Каталонија и кој потоа го критикуваше полициското насислтво над гласачите.
Навивачите на Шпанија на тренингот му порачаа на Пике да си оди од репрезентацијата.
Обебзедувањето му наредило на еден нанвивач да го тргне транспарентот на кој пишувало. „Пике ти си болен“.
Истиот навивач потоа продолжил да зборува:„Пике не заслужува да биде во составот на Шпанија. Јас само го зборувам она што го мислам. Пике е одвратен и не требаше да дојде“, рекол навивачот.
Потоа дел од навивачите кои присуствувале на тренингот извикувале: „Слобода на изразувањето“, „Заминувај“.
Бидејќи навредите кон Пике продолжиле, шпанскиот селектрот го прекинал тренингот по само 23 минути.
„Горд сум на народот на Каталонија. Ова е најлошото искуство кое сум го доживеал. Она што се случи го виде целиот свет“, рекол Пике по гласањето во неделата.
Дефанзивецот на Барселона порача дека е подготвен да ја напушти репрезентацијата доколку тоа од него го побара селекторот или Фудбалскиот сојуз на Шпанија.
Пике за Шпанија има одиграно 91 натпревар, а беше дел од тимот кој го освои Светското првенство во 2010 година и Европското првенство во 2012 година. Претходно најави дека по Мундијалот во Русија ќе се повлече од националниот тим.
OhridNews