Фудбалерите на Ливерпул се пласираа во финалето на Лигата на шампионите што на 23 мај ќе се игра во Атина. Синоќа на легендарниот и неповторлив “Енфилд“, Ливерпул во драматичен натпревар на пенали го совлада лутиот ривал од Лондон, Челзи.


Ливерпул прв патник во Атина

Даниел Агар беше стрелец на единствениот гол во регуларниот дел со што Ливерпул оствари идентична победа како Челзи на Стенфорд бриџ. Откако мрежите мируваа и по продолженијата, во кои на Кајт му беше поништен гол поради офсајд, а Крауч ја погоди гредата, финалистот се одлучуваШше на пенали.


јунак на средбата Пепе Рејна

Јунак во серијата од 11 метри беше домашниот голман Рејна кој ги одбрани пеналите на Робен и Жереми, за триумф на Ливрпул од 4:1.

Противникот на црвените од “Енфид“ во финалето ќе биде познат  вечерва кога во второрот полуфинале се среќаваат Милан и Манчестер. Јунајтед има минимална предност од првиот натпревар од 3:2.

Г.М.