Женската репрезентација до 18 години викендов се сели во Струга каде ги продолжува подготовките за настап на Европското првенство (Б дивизија) кое на крајот на јули ќе се игра во Струмица.

Подготовките, започнаа минатата седмица, во Скопје во салата „Независна Македонија“, а селекторот Владимир Ѓоровиќ, пред заминувањето за Струга, го скрати списокот на 16 кошаркарки кои продолжуваат да се борат за 12-те места во репрезентацијата.

Во конкуренција остануваат: Ивона Пејкоска, Александра Стојановска, Нена Трајчевска, Драгана Јоловиќ, Ангела Давиткова, Даница Трајковска, Ива Крстевска, Софија Лазаревска, Лидија Цветковска, Александра Димевска, Кате Петкоска, Јована Петкоска, Тања Стојановска, Ирина Карамачоска, Форка Ѓорѓиева и Ивана Кметовска.

„Веќе недела дена заедно со мојот асистент Весна Балазовска работиме во силно темпо со девојките, кои морам да ги пофалам за посветеноста на тренинзите“, вели селекторот Ѓоровиќ. „Работната етика е на високо ниво, сите го даваат својот максимум на тренинзите. Досега главно работевме на физичката подготовка, а ќе продолжиме во наредниот период и повеќе со тактичкото усовршување“, вели Ѓоровиќ.

Во недела репрезентацијата до 18 години се сели во Струга, каде ќе
тренира до 15 јули. Потоа следуваат уште седум-дневни подготовки во
Скопје, пред заминувањето за Струмица на 22 јули.

Европското првенство
за жени до 18 години (Б Дивизија) почнува на 26 јули, а Македонија е во
силна група со Англија, Белорусија и Летонија.

Ohridnews