Основниот граѓански суд Скопје денеска донесе решение со кое се Усвојува предлогот на М-НАВ АД Скопје за изрекување на привремена мерка „забрана“ на најавениот штрајк од страна на Струковиот синдикат на контролори на летање ССКЛ, подружница на Независниот синдикат на работниците од сообраќајот и врските на РСМ Скопје, информираат од М-НАВ.

Со оваа Одлука, Судот утврди дека најавениот штрајк е спротивен на законските одредби бидејќи не била спроведена постапката за мирно решавање на колективните споровои, како и дека штрајкот не произлегува од конкретни барања од работен однос, велат.

Воедно, го поздравуваат решението на Судот и ја нагласуваат својата определба за почитување на законитоста, континуирано обезбедување на безбедност и непречено функционирање на воздушниот сообраќај во Република Северна Македонија.

OhridNews