Иако мачките многу ретко ја достигнуваат оваа тежина, мачорот Мео успеал да се здебели толку многу што тежел 20 килограми. Неговиот сопственик имал 87 години и не можел повеќе да се грижи за него, па го оставил во прифатилиштето „Санта Фе“ во Њу Мексико.
Портпаролот на прифатилиштето рекол дека мачката била многу дебела, но и многу слатка. Тој моментално е подлегнат на специјална диета. Ќе мора да изгуби околу пет килограми пред да биде даден на посвојување на некое семејство.