Мачорот Толдо секој ден одел на гробот на својот сопственик. Тој бил посвоен од старецот Ренцо Јоцели пред три години, кога го зел од улица кога бил само маче од три месеци. Толдо многу се поврзал со својот сопственик, па откога Јоцели починал, во септември 2011, овој мачор секој ден одел да го посети неговиот гроб.
Кога Јоцели починал, Толдо ја следел погребната поворка цел пат, и на погребот отишол со членовите на семејството на Јоцели. Утредента мачорот чувал стража на гробот на својот господар, а секојдневно на истиот носел багремови гранчиња, пластични чаши, хартиени марамчиња… Благодарение на неговата непоколеблива верност, Толдо станал миленик на локалните жители и медиуми.