Поп ѕвездата Мадона оваа година изградила десет училишта на Малавите, соопштила нејзината фондација. Пејачката, која посвоила дете од Малавите, изјавила дека благодарение на овие проекти речиси 5000 деца од оваа мала земја ќе можат да стекнат основно образование. Проектот бил реализиран благодарение на нејзината фондација и невладината организација „Билдон“.
Мадона, која пред две години се откажала од изградбата на академија за девојчиња поради превисоката цена и лошиот менаџмент, истканала дека посебно ја радува што половина од учениците во овие училишта ќе бидат девојчиња. Фондацијата соопштила дека шест училишта веќе се користат, а дека сите десет ќе бидат спремни за настава во јануари 2013 година. ОН ги ставиле Малавите меѓу првите 20 најнеразвиени земји во светот, а повеќе од една третина од населението живеело под границите на сиромаштијата. УНИЦЕФ проценува дека само 26 проценти од момчињата и 16 проценти од девојчињата завршуваат основно училиште.