Како што пренеле американските медиуми, Мадона се посрамотила со писмо кое го упатила до претседателката на една африканска земја во која престојувала. Судејќи според едвај читливиот ракопис и многуте правописни грешки, покажала голем степен на неписменост.

Таа писмото го започнала со „Драга Џојси“, а потоа и честитала на изборот за претседател на земјата, што се случило уште минатата година. Како што пишуваат медиумите, крајно несериозно било од Мадона што на претседателка на една држава и испратила писмо напишано со рака и што и се обратила со личното име.