Минатогодишните протагонисти во финалето од Лигата на Шампиони, Реал Мадрид и Атлетико Мадрид ќе ги одмерат силите во четвртфиналето.
Ждребката исто така сакаше во 1/4 финалето да се сретнат Пари Сент Жермен и Барселона кои сезонава беа и во иста група.
Најнезгодниот противник Монако му падна на Јувентус додека германскиот првак Баерн Минхен ќе се сретне со португалскиот шампион Порто.
Двојки :
ПСЖ – Барселона
Атлетико Мадрид – Реал Мадрид
Порто – Баерн Минхен
Јувентус – Монако
Првите четвртфинални натпревари ќе се одиграат на 14 и 15 додека реваншите 21 и 22 април.
Мх.П.