Во Домот на културата во Лескоец во спортската сала на Таеквондо клубот „ХВА РАНГ ИТФ“ се одржа национален технички семинар со професорот Гранд Мастер, Ким Унг Чол-црн појас деветти дан.

Пред учесниците на семинарот професорот Ким Унг Чол ги презентираше најновите таеквондо ИТФ техники. Овие техники според тренерот на ХВА РАНГ ИТФ, Марјанчо Лаза-ревски во иднина ќе бидат од огромно значење за младите таеквондисти од Македонија.

– Одржавме технички семинар за теквондо итф со професор Гранд Мастер Ким Унг Чол. Во светот има само двајца луѓе кои ја имаат најголемата титула Гранд Мастер, а ние ја имавме таа чест да учиме од еден од најдобрите во светот за таеквондо ИТФ. Професорот несебично ни го пренесе неговото искуство и неговото знаење, кое ќе ни е потребно за натпреварувањата кои ни престојат оваа година. Можеме да кажеме дека овој семинар ни беше повеќе од потребен и исто така имавме можност да ни биде претсавена техниката до најситни детали, кои ќе ни користат за наредното Европско Теквондо ИТФ првенство во Талин Естонија. – истакна Марјанчо Лазарески.

Семинарот се одржа во два дена, во саботата се работеше во два термини, со почеток од 10 до 12 часот и од 17 до 19 часот каде теквондистите ги усовршуваа своите техники, додека во неделата после тренингот од 10-12 часот имаше полагања за црн појаси пред угледниот професор. Македонија од овој семинар излезе со нов носител на црн појас, Василија Јовчески се закити со црн појас –прв дан. Со овој настан таеквондистите од Лескоец и официјално ги започнаа своите активности за 2017 година.

OhridNews