
„И покрај тоа што нашите финансиски можности беа мошне скромни, за да можеме доволно и целосно да се презентираме во вистинско светло пред вас, сепак сметаме дека бевме содржајни, а актуелните еколошки состојби ги презентиравме токму од на терен, каде настанале истите и такви какви што се. Целта ни беше да ве доближиме до нив, но сепак тоа е вистината, тоа е вашиот избор и сметаме дека во дадениот момент тоа е и реален приказ. Реален, бидејќи очигледно се избра по нас, за жал строгата партиска директива и влијанието на подземјето, пред сî профитерската и урбаната мафија чие влијание и вие го почувствувавте во текот на изборната кампања. Во сето ова ние се почувствувавме буквално како во оган. Како и да е, тоа е состојба која сеуште преовладува на овие простори. Но, сепак сме горди што успеавме барем декларативно да ги натераме и политичарите да размислуваат подлабоко за животната средина и принципите на одржливиот развој. Со ова друштвата од Коалицијата на екологистите од Охрид продолжуваат автономно да работат и делуваат, а соработката ќе продолжи во други форми и низа активности“, стои во соопштението за јавност на Асоцијацијата на екологисти и здруженија на граѓани во Охрид.











