На крилата од Лионел Меси екипата на Барселона го совладаа тимот на Реал Бетис (4-1) и забележаа нова победа во шпанската Примера дивизион. Каталонците со гостинската победа се одлепија на десет бодови од второпласираниот Атлетико Мадрид кој изгуби од Атлетик Билбао со 2-0.

Меси гол шоуто го започна во 18-та минута со погодок од слободен удар. На 2-0, Меси зголеми во последната минута од првото полувреме. Луис Суарез во 63-та минута погоди за 3-0. Домаќините во 82-та минута преку Лорен Морон постигнаа почесен погодок. Точка на мечот стави Меси кој го комплетираше хет трикот.

На десет рунди до финишот на сезоната Барселона има се` во свои раце и ќе биде чудо ако на крајот титулата не заврши на Ноу Камп.

OhridNews