Кога молекулите на овој мирис ќе навлезат во крвта преку белите дробови можат да ги заменат лековите за смирување.


Молекуларниот состав на јасминот е многу сличен со Валиумот, бидејќи тој го намалува чувството на напнатост, и со тоа помага полесно да спиете – откриле германските научници.

Научниците тестирале различни мириси кај глувците и луѓето за да утврдат како тие влијаат врз невротрансмитерите, чие дејство го зајакнуваат класичните лекови за смирување. Истражувањето покажало дека мирисот на јасмин делува исто на функционирањето на овие невротрансмитери како и валиумот.

Познато е дека маслото од јасмин се користи како ароматерапија, а неговите многубројни здравствени благодети ги откриле старите грци и римјани. Исто така маслото од јасмин е природен лек за стрес, тегоби, депресија, умор и симптоми на менопауза. Многумина веруваат дека и неговото дејство како афродизијак не може да се игнорира. За сето ова говори и козметичката индустрија која ова масло го користи во голем број женски и машки парфеми.