Барселона на крилата од триото, Меси, Суарез и Нејмар го совлада (3-1) Атлетик Билбао и со вкупни (4-3) го елиминираше од кралскиот куп.
Сјајната вечер на Барселона ја најави Суарез со маестрален погодок во првиот дел. Водството за домаќините го дуплираше Нејмар од пенал на стартот од второт полувреме, а гостите се вратија во игра со голот на Саборит. Сите дилеми за патникот во 1/4 финалето ги реши Меси со погодок од слободен удар.
Покрај Барселона пласман меѓу најдобрите осум обезбед Алавас елиминирајќи го Депортиво, Алкоркон кој во двомечот беше поуспешен од Кордоба и Реал Сосиедад кој го прескокна составот на Виљареал.
OhridNews