Виљареал и Барселона ги поделија бодовите во дербито од 17-та рунда во Примера дивизион ремизирајќи 1-1 на „Де ла Керамика“ стадионот.


„Жолтата подморница“ беше блиску до победата и трите бодови после водечкиот гол на Никола Сансоне во 50-та минута од мечот. Но, се уште на натпреварот последниот збор го немаше кажано Лионел Меси кој од слободен удар маестрално погоди за реми во 90-та минута.

Барселона немаше време за нов напад и атак на трите бодови иако во судиското продолжение домашните играчи останаа со десет фудбалери. 


На ова реми најмногу ќе се израдува Реал Мадрид кој ја зголеми предноста на пет бодови со натпревар помалку.

Резултати: Атлетик Билбао – Алавес 0-0, Реал Бетис – Леганес 2-0, Селта Виго – Малага 3-1, Виљареал – Барселона 1-1.

Табела: Реал Мадрид 40 (-1), Севиља 36, Барселона 35, Атлетико Мадрид 31, Виљареал 30…

OhridNews