Магична е посетата на Камп ноу, домот на ФК Барселона и милионите навивачи ширум светот кој е со капацитет од 99 илјади гледачи, (најголем стадион во Шпанија, а трет најголем во светот).

Барселона како домашен терен го користи од 1957 година, а на него се одржале бројни културни и спортски манифестации. Полуфиналето од СП 1982 година во кое Италија ја победи Полска со 2-0, а подоцна стана и светски првак, како и две финалиња од Лигата на шампиони меѓу кое и она легенедарното во 1999 година кога Манчестер Јунајтед го победи Баерн со 2-1.

Стадионот најпосетен бил при концертот на рок бендот “Ју Ту“ во Јуни 2009 година кога присустувале 182 илјади гледачи. Камп Ноу (Новиот терен) е една двете најпосетувани дестинации во Барселона, а годишно го посетуваат преку 1,2 милиони фантаци. 

Барселона пет пати триумфираше во Лигата на Шампиони, а нивната доминација е изразена во последните десет години кога 4 пати го освоија трофејот во најеминетното клупско натпреаврување.

Низ клубот минале големи фудбалски имињакако Марадона, Ромарио, Роналдо, Роналдињо, но секако дека еден од најголемите фудбалери кои го носеле “црвено-синиот“ дрес е Лионел Меси. 

Трофеите на Барселона, златните копачки како излатните топки освоени од страна на фудбалерите на овој клуб гордо се изложени во музејот, кој е еден од уникатните од ваков вид во светот. Уживајте !

OhridNews