Од Авто- мото сојузот на Македонија информираат дека поради појава на магла, намалена видливост има на следните патни правци: Скопје – Тетово од 50 до 100 метри , Велес – Скопје од 30 до 50 метри , Скопје – Велес до 70 метри. Магла има и на патните правци Куманово-Крива Паланка, Штип – Радовиш , Штип – Неготино , Штип – Велес , Штип – Кочани , Кочани – Виница , Градско – Демир Капија , Македонски Брод-Кичево и Делчево-Македонска Каменица до 10 метри.
Сообраќајот на останатите државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по наместа влажни коловози.
OhridNews