Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози. На повисоките места во североисточните и источните делови од државата наместа со остатоци од кашест снег по интервенција на екипите на Македонија Пат, информира АМСМ.
Се препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.
Поради појава на магла, видливоста на планинските премини Плетвар и Ѓавато е намалена до 100 метри.
Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините, соопшти АМСМ.
OhridNews