Слаб снег провејува на Попова Шапка, Маврово, Стража, Ресен и Буково, но не претставува проблем за одвивање на сообраќајот. Сообраќајот кој поради голем одрон на патниот правец Скопје-Велес се одвиваше по една коловозна лента е нормализиран и се одвива без забрани, застои и ограничувања. АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.
Посебно да се внимава на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците каде можна е почеста појава на одрони, особено на патните правци Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија-Удово, Кочани-Делчево и Берово-Виница кои можат да го попречат движењето на возачите.