Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива по влажни коловози. Магла со видливост до 50 метри има на планинскиот превој Стража.

На патниот правец А3 обиколница Битола-Ресен на 70+300 км, поради свлечиште патот е во прекин во двата правци. Како алтернатива, сообраќајот е пренасочен преку градот Битола.

АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово – Стража, Демир Капија – Удово, Виница – Берово и Кочани – Делчево, каде е можна почеста појава на одрони.

OhridNews