Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива без забрани, на места по влажни коловози.

Појава на магла со видливост од 50 до 70 метри е забележана на планинскиот превој Плетвар, каде се препорачува поголема внимателност на возачите. Исто така се препорачува внимателност на патните правци низ клисурите и планинските превои во земјава, каде е зачестена појавата на поситни одрони. Ова особено се однесува за патните правци Катланово – Велес, Демир Капија – Удово и Маврово – Дебар – Струга.

Инаку, се потсетуваат граѓаните дека од 15-ти овој месец стапи на сила законската обврска за поседување зимска опрема во возилата.

OhridNews