Според најновите информации од АМСМ, сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива по влажни коловози, а на повисоките места со можни остатоци од снег. Слаб снег провејува на граничниот премин Деве Баир-Крива Паланка, Попова Шапка, Крушево и Павлешенци.

Поради појава на магла, намалена е видливоста на планинските превои Пресека, Плетвар и Крушево со видливост од 30 до 100 метри.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

OhridNews