
АМСМ препорачува да се внимава на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците каде е можна почеста појава на одрони, особено на патните правци Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија-Удово, Кочани-Делчево и Берово-Виница кои можат да го попречат движењето на возачите.
На патниот правец Демир Капија – Удово кај тунелите на Демир Капија се
изведуваат градежни работи на пат. За тоа има поставено светлосна
сообраќајна сигнализација (семафори) кои го регулираат сообраќајот.
Можни се повремени кратки застои во одвивањето на сообраќајот на тој дел
од патот.












