Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива по влажни коловози. Магла со видливост од 100 метри има на Стража, Крушево и Ѓавато.

На патниот правец А3 обиколница Битола-Ресен на 70+300 км, поради свлечиште патот сообраќајот е во прекин во обата правци. Како алтернатива сообраќајот е пренасочен преку град Битола.

АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово – Стража, Демир Капија – Удово, Виница – Берово и Кочани – Делчево, каде е можна почеста појава на одрони.

Потсетување за возачите дека законската обврска за поседување на зимската опрема во возилата трае до 15 Март 2016 година. Според новиот закон за безбедност во сообраќајот на патиштата, зимската опрема е задолжителна „во сообраќај на пат“, што подразбира и во населени места.

OhridNews