Според најновите информации од  АМСМ добиени во 14 часот, сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива по наместа влажни коловози. Слаб снег паѓа на планинските превои Буково, Ѓавато како и во Ресен и Битола.

Поради магла, видливоста на планинскиот превој Стража е  до 100 метри.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

OhridNews