Од Авто-мото сојузот на Македонија информираат дека поради појава на магла, видливоста на планинскиот превој Стража е намалена до 30 метри. Намалена видливост поради магла има на патниот правец Тетово – Гостивар со видливост до 100 метри и во Крушево до 50 метри.  

Сообраќајот на останатите државни патишта во Македонија се одвива без забрани, наместа по влажни коловози.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.

Од 15 ноември започна законската обврска за поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Таа обврска ќе трае до 15 март 2015 година.

OhridNews