Од Авто-мото сојузот на Македонија информираат дека поради појава на магла, видливоста на планинскиот превој Стража е намалена до 50 метри. Намалена видливост поради магла има на патниот правец кон Делчево и во подрачјето на Гостивар.

Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива без забрани и по влажни коловози. Врнежи од дожд има во југозападниот дел од републиката.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ ги потсетува возачите на законската обврска за поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Таа обврска ќе трае до 15 март.

OhridNews