Магла вечерва има во Охридската и другите котлини во земјава. Поради маглата видливоста значително е намалена, дури и на крајбрежјето.

Маглата го зголеми и загадувањето во градовите, вклучително и Охрид, каде вечерва автоматската мониторинг станица од мрежата на мерни станици на Министерството за животна средина и просторно планирање, покажува неколкукратно поголемо загадувањео на амбиенталниот воздух од дозволеното.

Според овие мерења, во 22 часот загадувањето со ПМ 10 честички во Охрид изнесува 224,11 микрограми на метар кубен, а дозволената граница е 50 микрограми на метар кубен.

Зголеменото ниво на загадување го потврдуваат и сензорните станици поставени на неколку локации во градот. Таа кај Гимназијата вечерва покажува присуство на ПМ 10 честички во воздухот од 248,55 микрограми на метар кубен, а на исто така штетните ПМ 2,5 честички од 167,75 мм3.

Kонцентрациите на PM2.5 во зимскиот период се повисоки споредено со нивните концентрациите во текот на останатите временски сезони. Исто како и кај PM10 тоа е предизвикано од разните типови на емисија од производствените процеси, сообраќајот, согорувањето на дрва за греење во домаќинствата, согорувањето на земјоделски отпад итн. во комбинација со непогодните метеоролошки услови. PM2.5 како најлесни честички најдолго остануваат во воздухот и како резултат на воздушните струења (хоризонтални и вертикални) носени од ветерот, иако генерирани во една држава може да влијаат на нивоата на PM2.5 во областите од други држави кои се наоѓаат во насоката на воздушните струења, укажуваат од Министсртвото за животна средина.

Г.М.