Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози, освен на осојничавите места. Намалена видливост од 100до150м. поради магла има на патните правци Катланово-Велес, Удово-Гевгелија, М.Каменица-Делчево-Берово и Струмица, информира АМСМ. Се препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.
Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.
OhridNews