Густата магла во Охридско – струшкиот регион и вечерва го отежнува одвивањето на сообраќајот. Поради маглата наместа во Охридско намалена видливост има до 50 метри, а во Струга видливоста е до 100 метри.
Умерено до значително облачно време, наутро по котлините со појава на магла, особено долж Повардарието, ќе преовладува и во текот на утрешниот ден. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Максималната температура во Охрид ќе достигне до 11 степени Целзиусови, информира УХМР Македонија.
OhridNews












