Денеска ќе биде умерено облачно, а во утринските часови ќе има слаба магла по котлините. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната дневна температура во Охрид ќе достигне 9 степени Целзиусови.

Како што информираат од УХМР, во текот на утрешниот ден не очекува слично време, а максимлните дневни температури ќе се движат во интервал од 4 до 9 степени Целзиусови.

Првиот ден од новата 2014 година, ќе биде сончево време со мала до умерена облачност, а во раните утрински часови ќе има појава на магла.

OhridNews