Магна, глобалниот лидер во автомобилската индустрија, гордо ги отвори своите врати и беше домаќин на извонредниот настан на „Денот на семејството“, пружајќи им топлото добредојде на семејствата на своите вработени. Денот беше одличен успех, исполнет со забава и дружење.

Магна признава дека нејзините вработени се столбот на организацијата, и нивната посветеност и напорна работа се клучни за успехот на компанијата. Настанот „Ден на семејството“ беше посебна можност да прослават не само вработените на Магна туку и нивните семејства, кои имаат суштинска улога во поддршката на нивните професионални достигнувања.

Настанот се одржа на 23 септември во објектот на Магна во ТИРЗ Мислешево, Струга, Северна Македонија, нудејќи широк спектар на активности и искуства за сите да уживаат. Беа реализирани организирани тури со водичи со чија помош семејствата имаат можност да погледнат зад сцената на најсовремените производствени капацитети на Магна и да видат каде се врши изработката на автомобилски делови кои ја обликуваат иднината на мобилноста.

Семејствата имаа можност да се вклучени со најразлични игри заедно со аниматорите, вклучувајќи боење на лица, и да уживаат во тимските активности.

На настанот имаше вкусна храна којашто се приготвуваше на самата локација од локална компанија. Присутните ги забавуваше одличниот Pop Art band и заедно со модераторот во текот на целиот ден создадоа совршена атмосфера за релаксација, забава и поврзаност со вработените и нивните семејства.

Генералниот директор и тимот за човечки ресурси на Магна дивизијата во ТИРЗ Мислешево ја искористија можноста да ја изразат својата срдечна благодарност до вработените и нивните семејства за време на настанот. Посебна благодарност беше искажана за придонесите на посветените вработени на Магна и важната улога која семејствата ја играат во поддршката на кариерата на нивните најблиски.

Ги отворивме вратите на нашата фабрика и им посакавме добредојде во нашето големо Магна семејство. Овој настан беше мал знак на нашата благодарност за нивната поддршка и посветеност кон нашата компанија. Ни беше драго што овој ден го прославивме заедно со нив стои во официјалното соопштение од компанијата.

OhridNews