Магнетните полови на Земјата може да се променат за прв пат после 786,000 години и “смената“ би можела да има значителни последици врз современиот електронски свет.

Доколку половите се променат, компасите ќе покажуваат на југ, што може да има огромни последици врз електричната мрежа на Земјата, иако ова најверојатно нема да се случи веднаш.

Во новиот извештај на „Futurism“ се вели дека “смената“ би можела да и овозможи на радијацијата да стигне до земјината површина и да направи хаос со сателитите.

Научниците користејќи сателити за да ги анализираат поместувањата на магнетното поле на Земјата заклучиле дека северниот магнетен пол е „турбулентен и непредвидлив“- пренесува „Futurism“.

Но, пред да се упатиме кон засолништата, научниците смируватт и посочуваат дека тоа нема да се случи веднаш, туку за 2000 години според нивните предвидувања.

Исто така, смената на половите нема да се случи наеднаш, туку тој процес ќе трае неколку стотини години, давајќи ни време да се подготвиме за промената.

Од НАСА ја негираат тезата дека смената на магнетните полиња може да доведе до апокалипса. „Науката ни покажува дека магнетните полови можат да се завртат обратно и тоа е честа појава која се случува постепено со милениуми. Иако причинте кои доведуваат до смена на магнетните полови не се целосно разјаснети, северниот магнетен пол може бавно да ја смени својата насока на движење. Не постојат геолошки докази кои сугерираат дека било кое сценарио за крај на светот поврзано со смена на магнетните полови треба да се сфати сериозно“ – велат од НАСА.

А.М.